Поедноставување на патот на пациентите со рак – оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

doctor-8733826_1280
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општиот успех на здравствената заштита да се структурира околу потребите на пациентите, меѓу останатото, се огледа и во потребата од интегрирани и оптимизирани здравствени услуги. За еден пациент со карцином да ја добие неопходната нега и лекови, за својата основна болест, но и за придружните болести, доколку ги има, треба практично да оди од доктор до доктор, од установа до установа и за секоја состојба одвоено да бара мислење и терапија.

Токму затоа, сѐ повеќе во светски рамки се нагласува таканареченета „здравствена заштита базирана на вредности (анг. Value Based Healthcare) која претставува пат кон постигнување на аспирациите кон „тројната цел“ за подобрување на здравствената заштита, нешто кон што треба да се стреми секој здравствен систем и секоја здравствена установа.


„Тројната цел“ значи подобрување на искуството на пациентот во однос на грижата, подобрување на здравјето на населението и намалување на трошоците за здравствена заштита по глава на жител, што воедно би значело и подобрување на искуството на лекарите. Здравјето на населението се подобрува само кога се подобруваат здравствените резултати на многу поединци, што всушност претставува фокусот на здравствената заштита базирана на вредности.

Многу често трошоците за лекување се акумулираат од грижата за поединци, а преку организирање тимови за грижа за поединци со слични потреби, овој пристап овозможува експертизата и ефикасноста да ги намалат трошоците. Со ова, одлуките за тоа како да се обезбеди нега паѓаат во рацете на клиничкиот тим, со што се поддржува професионалноста на лекарите и моќта на односите лекар-пациент за давање ефективна и соодветна грижа.

Моделот на здравствената заштита базирана на вредности може да се применува во секоја терапевтска област, со посебен акцент на онкологијата

Онака како што клиничките пациенти со мигрена, преку здравствената заштита базирана на вредности, можат да добијат психолошки советувања, физикална терапија и тренинзи за релаксација, а пациентите со дијабет освен терапијата да добијат можност за посети на нутриционист, голем бенефит од овој вид здравствена заштита имаат и онколошките пациенти, нешто што се практикува во голем број светски здравствени установи. Кај онколошките пациенти, на пример, може да се забрза поставувањето на дијагноза, да се оптимизира третманот на пациентот и правилно да се следи пациентот до потполно излекување или одржување на квалитетот на живот.

Оттаму, здравствената заштита базирана на вредности може да се применува во секоја терапевтска област и во секој сегмент од здравствениот систем, но особено е важна во онкологијата, со оглед на тоа што ракот е една од водечките причини за смртност и морбидитет со речиси 19,3 милиони нови случаи и 9,9 милиони смртни случаи пријавени низ целиот свет во 2020 година. Зголемениот број на пациенти паралелно со новите третмански можности кои го подобруваат преживувањето и квалитетот на животот несомнено носат и пораст на трошоците за лекување на лицата со рак

Затоа, од суштинско значење е да се сфати дека за да може да обезбеди здравствениот систем одржливи решенија кои го ставаат здравјето на пациентите на прво место и истовремено ги оптимизираат трошоците за дијагностика и лекување, неопходно е да се размислува за иновативни модели кои ќе вршат редовна проценка на исходите од третманот, како на пример здравствената заштита базирана на вредности. Она што е најважно за пациентот мора да биде во центарот на здравствената грижа во целост, а тоа е враќање на здравјето и нормалното секојдневие, враќање на работа и подолг живот со добар квалитет.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK