Во својата втора година, SkyShowtime е дом на речиси 50% од холивудските филмови што се прикажуваат во кината – повеќе од која била друга услуга за стримување на истите пазари – вклучително и на анимираниот спектакл од милијарда долари „The Super Mario Bros. Movie“
Помалку од една година од првичното стартување во нордиските земји и само шест месеци од завршувањето на проширувањето во повеќе од 20 европски пазари, SkyShowtime сега може да се пофали со импресивен и сѐ побогат репертоар на долгометражни филмови и ексклузивни серии што се емитуваат за првпат.
Како дом на нови филмови што се прикажуваат во кината и од Paramount Pictures и од Universal Pictures, на SkyShowtime премиерно ќе се прикажуваат, кон крајот на годинава и на почетокот на 2024 г., уште повеќе популарни филмови и на пат се да ги имаат на услугата 50% од филмовите во кината во 2023 г.
Исто така, насловите од првата група на SkyShowtime претставуваат 50% од холивудските филмови во кината во 2022 година. Меѓу големите хитови од 2022 г. што се сѐ уште достапни за стримување на услугата се: Top Gun: Maverick, Jurassic World Dominion, и Minions: The Rise of Gru. SkyShowtime им ги нуди на претплатниците некои од најдобрите изданија од Холивуд.
Премиери во септември:
- Dungeons & Dragons: Honour Among Thieves е акциски филм што го носи богатиот свет на легендарната игра на филмското платно. Во него играат Крис Пејн, Мишел Родригез, Реге-Жан Пејџ, Џастин Смит, Софија Лилис, Клое Колман, Дејзи Хед и Хју Грант.
- Poker Face, реномираниот хит, ќе се прикажува премиерно во септември како оригинал на SkyShowtime. Кандидатката за „Еми“ Наташа Лион ја игра Чарли, која има необична способност да познае кога некој лаже. Таа тргнува на пат со својата Плимут Баракуда и на секое застанување среќава нова група ликови и чудни кривични дела што не може а да не ги реши.
- Codename: Annika, оригинална серија на SkyShowtime, е финско-шведска криминалистичка драма. Приказната е за финската истражителка на измами со уметнички дела, Ема, која како таен агент се инфилтрира во една аукциска куќа во Стокхолм и ги истражува врските на компанијата со еден озлогласен перач на пари познат како Бланко. За да не ја откријат, Ема го избира прикриениот идентитет Аника, темпераментна џетсетерка која живее за луди забави, дрога и алкохол и е чиста спротивност на прибраната, мирна и присебна Ема. Меѓутоа, тоа што станува Аника, за Ема значи дека мора да се соочи со сеќавања од минатото што се обидела да ги заборави.
Премиери во октомври:
- The Family Stallone, новата документарна серија со кандидатот за „Оскар“ Силвестер Сталоне, неговата сопруга Џенифер Флавин Сталоне и трите ќерки Софија, Систин и Скарлет, дава можност да ѕирнеш во животот на едно од најпознатите семејства во Холивуд. Гледачите имаат можност да го гледаат Сталоне во најголемата улога во животот: татко.
- Special Ops: Lioness, инспирирана од вистинска американска воена програма, го следи животот на Џо (Зои Салдана) во обидот да најде баланс меѓу личниот и професионалниот живот како некој кој е во првите редови во војната на ЦИА против тероризмот. Во програмата „Лајонес“, која ја надгледуваат Кејтлин Меаде (Никол Кидман) и Доналд Вестфилд (Мајкл Кели), ја ангажираат агресивната маринка со име Круз (Лаисла де Оливеира) како тајна агентка заедно со Џо да работат меѓу политички влијателните лица од државниот тероризам како дел од напорите на ЦИА да го спречат следниот напад од типот на 9/11. Серијата ќе се стримува ексклузивно на сите пазари на SkyShowtime во октомври.
- Fleeting Lies, шпанска оригинална серија на SkyShowtime, ќе биде достапна за стримување во ноември. Еден месец пред свадбата и непосредно пред да биде назначена за директор на компанијата, Лусија (Елена Анаја) е изиграна од Санти (Ким Гутjерез), ривалот за унапредувањето. Поради ова, Лусија е обвинета за индустриска шпионажа и ја отпуштаат од работа без колебање. Одненадеж, животот и иднината на Лусија стануваат несигурни и таа се соочува со огромна дилема: како да докаже дека е невина и да се ослободи од затвор. Лусија ќе започне низа незаконски активности за да може и понатаму да го издржува семејството, криејќи од нив што се случило. Лагите ќе стануваат сѐ понеодржливи и животот ќе ѝ станува сѐ покомплициран.
Премиери во ноември:
- Frasier, триумфалното враќање на легендарната комедија, доаѓа на Skyshowtime. Со Кесли Грамер во главна улога и во улога на извршен продуцент, новата серија го следи Фрејзер Крејн (Грамер) во следното поглавје од животот кога се враќа во Бостон, Масачусетс, да се соочи со нови предизвици, да изгради нови врски и конечно да си ги исполни старите соништа. Фрејзер повторно влезе на сцена! Покрај Грамер, во новата серија играат Џек Катмор-Скот како синот на Фрејзер, Фреди; Николас Линдхерст како стариот школски другар на Фрејзер што станал универзитетски професор, Алан; Токс Олагундоје како Оливија, колешка на Алан и раководителка на Катедрата по психологија при универзитетот; Џес Салгуеиро како цимерката на Фреди, Ив; и Андерс Кит како внукот на Фрејзер, Дејвид.
- Dreamland е великодушна драма за тајни, лаги, љубови и желби во едно семејство со четири сестри. Сместена во сончевиот британски крајбрежен град Маргејт, низ црна комедија, таа ги истражува односите меѓу неколку генерации жени и нивната (помалку дисфунционална) семејна динамика. Најстарата сестра Триш (Еџиман) е бремена по трет пат со партнерот Спенс (Кајл Смит-Бајноу). И овој пат е решена: ќе биде девојче. Нејзините две сестри Клеар (Габи Бест) и Лејла (Ејми-Фион Едвардс) се обединуваат околу неа заедно со мајка им (Франсис Барбер) и легендарната дадилка од Маргејт (Шила Рид), „манифестирајќи“ девојче на „мани-фестивалот“ на Триш. Но, кога другата сестра, Мел (Ален), неочекувано повторно ќе им се појави во животот, нејзиното враќање претставува закана за стабилноста на целото семејство. Само едно чукање на врата и Земјата од соништата повеќе ја нема…
- Renfield, a модерна приказна за чудовиште, ја раскажува приказната за лојалниот но измачуван слуга на Дракула, најнарцистичниот шеф во историјата.
Во филмот, кој е препознат по комичниот тон и изведби, играат Николас Хоулт во насловната улога, Аквафина, Шоре Агдашлу, и добитникот на „Оскар“ Николас Кејџ како Дракула. - Во октомври пристигнува и The Super Mario Bros. Movie, големот блокбастер од благајните во режија на Арон Хорват и Мајкл Јелениќ . Играат Крис Прат, Чарли Деј, Сет Роген, Џек Блек и Ања Тејлор-Џој. Заснован врз светот на игрите за Марио на „Нинтендо“, филмот ја кани публиката во еден динамичен, возбудлив, нов универзум невиден досега во комедија полна со акција.
Премиери во декември:
- Lawmen: Bass Reeves, нова антологиска серија чии извршни продуценти се кандидатот за „Оскар“ Тејлор Шеридан и кандидатот за „Еми“ Дејвид Оујелоуво, доаѓа ексклузивно на Skyshowtime. Со Оујелоуво, Лорен И. Бенкс, Деми Синглтон, Форест Гудвил, Бери Пепер, добитникот на почесен „Оскар“ Доналд Сутерленд, и кандидатот за „Еми“ Денис Квејд, сезоната од осум епизоди ќе ја открие нераскажаната приказна за најлегендарниот полицаец на Стариот Запад: Бас Ривс (Оујелоуво). Оригиналната серија го следи патувањето на Ривс и неговиот подем од заробеништво па сѐ до вработување во полицијата како првиот црн Американец маршал западно од Мисисипи. И покрај тоа што приведува повеќе од 3000 престапници во текот на својата кариера, беџот има тежина и тој се бори со моралната и духовната цена што ја плаќа неговото сакано семејство.
- Transformers: Rise of the Beasts ќе биде достапен за стримување пред празничната сезона. Филмот ја води публиката во авантура низ светот од ‘90-тите со автоботи и воведува сосема нова фракција во Трансформери – Максималци – да им се придружат како сојузници во постоечката борба за земјата.
За претплатиците на SkyShowtime на почетокот на 2024 г. доаѓаат уште легендарни хит филмови и ексклузивни серии од кината, меѓу кои:
- Освен тоа, The Curse, оригинал на SkyShowtime, е серија што припаѓа на повеќе жанрови, истражува како една наводна клетва ќе го наруши односот меѓу еден нов брачен пар додека се обидуваат да добијат дете и глумат заедно во новата емисија за реновирање на домот. Во серијата играат добитничката на „Оскар“ Ема Стоун, Нејтан Филдер и Бени Сафди. Меѓу ѕвездите гости се кандидатот за „Оскар“ Баркад Абди, кандидатот за „Еми“ Корбин Бернсен и Констанс Шулман. The Curse е во продукција на A24, а го создале и се извршни продуценти Бени Сафди и Нејтан Филдер, кој е и режисер. Во улога на извршни продуценти се и Ема Стоун, заедно со Дејв Меккери и Али Хертинг под името на нивниот „Fruit Tree“. Џош Сафди е, исто така, извршен продуцент. Серијата ќе пристигне на платформата во 2024 г.
Главниот извршен директор на SkyShowtime, Монти Сархан , рече: „Помалку од една година од стартувањето, Skyshowtime може да се пофали со импресивен репертоар на неверојатни содржини. Од најновите холивудски хитови и ексклузивни светски серии до локални оригинали, SkyShowtime им нуди на претплатниците во Европа извонреден избор од најдобрата забава во светот. А со уште поспектакуларните содржини што ќе дојдат во 2024 г., SkyShowtime ќе продолжи да нуди одлична забава по одлична цена.“
Со илјадници часови квалитетна забава за целото семејство, претплатниците на SkyShowtime имаат пристап до нови и ексклузивни серии, оригинали, наградувани филмови, детски и семејни содржини и избор од легендарни наслови и пакети од Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock – сето тоа на едно место.SkyShowtime е достапна во Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.
Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com.
Месечната цена на SkyShowtime е 5,99 евра (без реклами), со седумдневен бесплатен пробен период – откажи во секое време.
За повеќе детали, посетете: