Серијата „The Idol“ откажана по првата сезона

the idol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По многу шпекулации, HBO потврди дека нивната серија The Idol е откажана по една сезона.







Контроверзната серија The Idol е дело на креаторот на серијата Euphoria Сем Левинсон и Абел Тесфаје, кој е попознат како The Weeknd.

Не можеме да кажеме дека е преголемо изненадување, бидејќи веќе се шушкаше дека серијата нема да се обнови за втора сезона, па дури и HBO објави пред два месеци, пишува Данас.

The Idol имаше бројни контроверзи за време на снимањето
Серијата The Idol, во која главната женска улога ја толкува Лили-Роуз Деп, имаше дополнително снимање по заминувањето на режисерката Ејми Сејмец, поради што бројот на вкупните епизоди е намален на пет.

Дел од актерската екипа ја спомена можноста за снимање на втора сезона, иако некои упатени велат дека креаторите на серијата не ни планирале приказна која ќе се развива во неколку сезони.

„The Idol е една од најпровокативните оригинални програми на HBO и ние сме задоволни од силниот одзив на публиката. По долго размислување, HBO, како и креаторите и продуцентите на серијата, одлучија да не снимаат втора сезона. Благодарни сме на креаторите, актерите и остатокот од екипата за нивните неверојатни напори“, изјавија претставници на компанијата HBO.

HBO ги објави бројките за гледаност само за првите две епизоди од серијата, кои поминаа добро во споредба со нивните други популарни серии „Белиот лотос“ и „Еуфорија“.

Сепак, тој интерес се намали до крајот на сезоната и негативните коментари го преплавија интернетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK