Сенки е новиот сингл на Хејз (Haze), 4-ти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing и Heaven.

haze_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Тод Хејз (Todd Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.
Хејз (Haze) е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот.







Синглот Сенки беше претставен на јавноста на 05.07.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев. Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

Линк од YouTube: https://www.youtube.com/watch?v=g-BqALKGpGY

Линк од Instagram: https://www.instagram.com/haze_official_account/?igsh=MWhoZDh6cGxwZm0xeg%3D%3D

Линк од Spotify: https://open.spotify.com/artist/1qxITbhF3OL3bY000FgOwv?si=n4l7Nj05ROO_DsvMsfsWcg&nd=1&dlsi=06db2403d5ac4ced

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK