Принова во семејството на детскиот хирург д-р Симеонов

simeonov_003
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семејството на детскиот хирург д-р Ристо Симеонов и д-р Камелија Симеонова, детски психијатар, стана побогато за уште еден член. Тие вчера му посакаа добредојде на синот Миха чие доаѓање на свет ги усреќи сите, а најмногу постарите сестри Мелисија и Леона.

„ Трето, па машко 🥰 Добредојде Миха 💙 Ти ќе бидеш нашиот херој 💫“ напиша докторот на социјалните мрежи по што следуваа честитки од многубројните пријатели и следбеници.


Доктор Симеонов, кој за македонската јавност е познат како прв детски хирург кој во Македонија направи трансплантација на бубрег кај дете, неодамна го видовме и на Златна Буба Мара на Популарноста каде ја додели наградата за најдобра етно песна на Давид Темелков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK