Здравиот детски развој треба да е во најголем дел составен од игра, учење низ игра и квалитетна исхрана.
Играта треба што повеќе да биде застапена во секојдневието на децата бидејќи физичката активност е стимулатор за развојот на интелектуалниот развој на детето, таа допринесува за правилен развој на мозокот па затоа на децата треба да им се дозволи непрекинато да трчаат, да скокаат, да истражуваат и да бидат во движење.
Мозокот кај децата особено оние до шест години најбрзо и првенствено се развива преку стимулирачки игри, а потоа во доцниот предучилишен период почнуваат да ја оформуваат својата социјална страна и да развиваат способност за друшвени интеракции.
Кога станува збор за правилно избирање на спорт за детето, пред да наврши шест години тоа треба да практикува некој индивидуален спорт бидејќи до таа возраст децата се себични и живеат во сопствен свет, колективните спортови се за деца кои се на училишна возраст. За предучилишна возраст најадекватни спортови се возење велосипед и пливање. Пливањето бара активација на сите мускули, но и учење за контрола на дишењето.
Швајцарскиот психолог Јеан Пигает кој ја претставил Пиагетовата теорија за интелектуалниот развој на децата бил јасен за концептот за детскиот развој со кој се истакнува детското истражување како алатка за искусување и разбирање на околината. Тој преку својата теорија инсистира децата да учат низ игра и низ моторички активности, a не низ виртуелни игри на таблет или компјутер бидејќи тие ги стимулираат само визуелните делови на мозокот, визуелниот кортекс и допринесуваат за редуцирана мозочна активност. Децата кои си играат со другари и измислуваат некои свои приказни и правила на игра активираат повеќе делови од мозокот и тоа е уствари она што е потребно за правилен развој.
М. Кизова