Хрватска двојка почина во ист ден, по 50 години брак

hrvatska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Брачна двојка од Громачник во областа Славонија во Хрватска почина во ист ден откако минале 50 години в брак.







Перо Илак (79) и девет години помладата Манда биле еден покрај друг до самиот крај, пишува „Плуспортал“. Откако прво починал Перо, и неговата сопатничка набргу „замина“ по него, пренесува „Н1“.

Потомците на Манда и Перо во еден ден неочекувано останаа без двајцата родители, т.е. без нивната (пра)баба и (пра)дедо. Тие истакнуваат утеха им е што и во смртта „останале заедно“ откако минале половина век заедно.

Тие во педесетте години заеднички живот, на помладите им ја пренеле и меѓусебната приврзаност, верност и посветеност – особини што ги красеа до крајот и кои веројатно придонеле да не отидат на последното патување еден без друг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK