Почина влијателниот авангарден режисер Кенет Енгер

kenet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Влијателниот американски авангарден режисер Кенет Енгер, кој им пркосеше на сексуалните и религиозните табуа во кратки филмови како „Издигањето на скорпијата“, „Огномет“, но и многу други, каде што ги разоткрива најлошите озборувања за филмските ѕвезди, почина на 96 години, од природна смрт на 11 мај во Калифорнија. Тажната вест денеска ја соопшти неговиот претставник Спенсер Глезби.







Роден како Кенет Енглмајер, овој ексцентричен филмаџија стекнал слава како еден од првите отворено геј режисери и пионер во употребата на саундтракот како „контрапункт“ на филмот.

Долго пред подемот на панкот и хеви-металот, Енгер со својата музика ги вклучува окултизмот, садо-мазохизмот и нацистичките симболи… Кога „Секс пистолс“ и „Клеш“ се појавија на заеднички концерт 1976 година, зад нив одеа снимки од филмовите на Енгер.

Најголем комерцијален успех го имаше со неговата „андерграунд-класика“, филмот „Холивуд Вавилон“. Скандалот и Холивуд, велат, „пораснаа“ заедно, па Енгер состави, според многумина – извонреден, но веројатно, делумно и неточен колаж од сликите на фаталната сообраќајна несреќа на Џејн Менсфилд, на пр., a ги начна и спорните наводи дека глумицата Клара Боу имала секс со цел рагби-тим на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Завршен кон крајот на 1950-тите, филмот беше забранет во САД со години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK