Мел Брукс и Анџела Басет ќе добијат почесни „Оскари“ за животно дело

bruks
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холивудскиот ветеран Мел Брукс (97) ќе добие почесен „Оскар“ за животно дело, повеќе од половина век откако го освои признанието за најдоброто оригинално сценарио за „Продуцентите“ (The Producers).

Како што вчера американската Академија за филмски уметности и науки потсети, глумецот, продуцент и писател Мел Брукс имаше незаборавна претстава на ликот на Адолф Хитлер во својата сатира од 1967 година, па ја разобличуваше расната нетрпеливост во „Огнени седла“ (Blazing Saddles) и ги исмеваше хорор-филмовите во комедијата „Младиот Франкенштајн“. Тој е еден од ретките кои освоиле „Оскар“, „Еми“, „Тони“ и „Греми“ – во својата кариера долга осум десетлетија.


Брукс ќе ја добие својата златна статуетка на посебна свеченост во Лос Анџелес овој ноември, заедно со други ѕвезди меѓу кои и 64-годишната Анџела Басет.

Почесно наградената претходно двапати беше номинирана за „Оскар“ – за улогата на Тина Тарнер во филмот „What’s Love Got To Do With It“ од 1994., а оваа година и за филмот на „Марвел“ – „Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK