Кралицата на попот се враќа на сцената:Мадона објави добра вест

madonna
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пејачката конечно се чувствува подобро.

Мадона откри дека се враќа на пробите за нејзината „Celebrations Tour“, само два месеци откако итно беше пренесена на интензивна нега откако беше пронајдена во несвест.


Кралицата на попот беше принудена да ја одложи својата светска турнеја по загрижувачката и ненадејна хоспитализација. Таму поминала најмалку една ноќ откако претрпела „сериозна бактериска инфекција“.

Откако излегла од болница, таа се одморала во својот дом во Њујорк, каде за неа се грижеле нејзините деца.

Сега таа се огласи на Инстаграм и откри дека се вратила на работа. Таа ја сподели својата фотографија со своите фанови и напиша дека ја радува веста дека билетите за концертот во Лос Анџелес се во голема мера распродадени.

„Одлична вест! Се враќам на пробите“, изјавила кралицата на попот, според извештаите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK