Како се подготвуваат ќебапи подобри од месарница? Ова е вистинскиот рецепт

DSC_8316-e1561928756462-678x381.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ќебапите се составен дел или додаток на ручекот кога станува збор за неделен пикник или собирање на семејството во домот. Но, доколку сте често незадоволни од меленото месо и купениот ќебап, ние ви предлагаме начин да ги подготвите со оригинален рецепт.

Треба да се користи мешавина од месо, а основата е говедско месо во кое може да се додаде овчо, јагнешко или свинско месо. А важното правило е дека месото кое се користи за ќебапи мора да биде „распрскано“, односно малку подебело.


Состојки:

1,5 кг мелено говедско месо

1/2 кг свинско месо

4-5 чешниња лук

сол

2 лажички сода бикарбона

 

Подготовка:

Добро посолете го месото исечкано на коцки, прелијте со околу 100 мл вода и лук кој претходно сте го свариле.

Промешајте ја смесата и оставете ја во фрижидер преку ноќта. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо двапати, оставете ја да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да ги обликувате ќебапите, измешајте сода бикарбона во смесата и ќебапите се спремни за скара.

Иако се верува дека вкусните ќебапи имаат многу зачини, тајната е во едноставноста – нема јајца, вегета, нема ни кромид во ќебап масата, бидејќи се додава свеж при послужување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK