Ова е најопасната плажа во Грција: Популарна меѓу туристите, но бара претпазливост

Nas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најопасната плажа во Грција се наоѓа на островот Икарија и се вика Нас.

Икарија е остров во Егејското Море и се наоѓа помеѓу Миконос и Самос. Тој е еден од 13-те најголеми грчки острови познат по прекрасните плажи, кристално чистото море, медитеранската клима и прекрасните планини, а најмногу по своите жители, меѓу кои има најголем процент на деведесетгодишници во светот.


Овој остров ја има една од најопасните плажи, а се наоѓа на северната страна на островот. Тоа е мала плажа кај селото Арменистис, покриена со песок и ситни камчиња.

Плажата Нас со право е меѓу најпопуларните, сепак, посетителите треба да бидат внимателни со оваа прекрасна плажа.

Причината за големата претпазливост се „подмолните“ струи кои можат да ве испратат во Турција без воопшто да сфатите.

Освен тоа, кога дуваат северни ветрови, се создаваат големи бранови кои најверојатно ќе ве одвлечат до карпите. Токму поради оваа опасност, од плажата до длабокото море има јаже кое во случај на потреба ќе ви помогне да стигнете до брегот.

Нас е омилена дестинација за нудисти и ентузијасти за слободно кампување, пишува Greekcitytimes.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK