Живеел под вода 100 дена, го срушил Гинисовиот рекорд: Кои се последиците

Joseph Dituri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетскиот професор Џозеф Дитури го собори Гинисовиот рекорд од 73 дена, два часа и 34 минути, кој беше поставен во 2014 година за најдолг живот под вода.







Д-р Џозеф Дитури, универзитетски професор, за време на неговиот престој во ложата Жил Андерси постави нов рекорд за најдолг живот под вода, без депресирање. Поминал 100 дена под вода за да открие како тоа ќе влијае на телото.

Зборувајќи за своето искуство под вода, д-р Дитури инсистира дека „никогаш не се работело за рекорд, туку за проширување на човечката толеранција кон подводниот свет, изолација, однос кон ограничувањата и екстремната средина“.

Откако се вратил на површината, лекарите ги прегледале неговите витални органи и ги измериле теломерите – секвенцата на ДНК што се прицврстува на крајот на хромозомите. Теломерите обично се скратуваат како што старееме, но оние на Дитури сега се 20 отсто подолги отколку кога потона во март.

Тој истакнува дека има и 10 пати повеќе матични клетки отколку на почетокот на истражувањето. Други корисни ефекти од престојот во длабоко море биле тоа што тој сега има 60-66 отсто длабок РЕМ сон ноќе, холестеролот му паднал за 72 поени, а маркерите за воспаление му се преполовени.

Претходниот рекорд од 74 дена професорот го постигна на 1 март 2023 година, што беше потврдено на 13 мај, а сега д-р Дитури веќе достигна престој под вода од 100 дена, па Фондацијата за развој на морски ресурси, која е сопственик на ложата, ќе побара од претставникот на Гинис да ја потврди „оваа голема пресвртница“.

Мисијата на д-р Дитури, наречена Проект Нептун 100, беше организирана од Фондацијата за развој на морски ресурси, и за разлика од подморницата, која користи технологија за одржување на внатрешниот притисок приближно ист како на површината, внатрешноста на домот е прилагодена да одговара на повисокиот притисок пронајден под вода.

Проектот Нептун е долгорочна студија која ги разгледува физиолошките и психолошките ефекти од притисокот врз човечкото тело и ја користи „уникатноста на мисијата и локацијата за да ја зголеми свеста за тековните морски истражувања и важноста на зачувувањето на океаните“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK