Како најдобро да се подготвите за патување?

halk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура.

Истражете ја вашата дестинација – Започнете со собирање информации за местото каде што ќе патувате. Информирајте се за неговата култура, обичаи и локални закони и идентификувајте ги популарните атракции и знаменитости што би сакале да ги посетите.


Резервирајте сместување и превоз – Врз основа на вашето истражување, однапред резервирајте го сместувањето и превозот. Споредете ги цените, читајте рецензии и изберете ги опциите што им одговараат на вашите преференции и буџет.

Подгответе ги патните документи – Проверете ги условите за пасош и виза за вашата дестинација. Погрижете се вашиот пасош да важи најмалку шест месеци по планираниот датум на поаѓање. Доколку е потребно, аплицирајте за виза однапред. Направете копии од вашите патни документи и чувајте ги физичките и дигиталните копии на безбедно место.
Креирајте буџет – Воспоставете реален буџет за патување за да можете да ги одредите вашите ограничувања за трошење. Истражете ги просечните трошоци за вашата дестинација и соодветно распределете ги средствата, а бидете сигурни да вклучите и фонд за непредвидени трошоци. Секако, потребно е навреме да аплицирате и за платежна картичка, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и финансии за време на патувањето.

Халкбанк од неодамна својата палета на платежни картички ја дополни со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. Оваа картичка е особено погодна за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.

Оваа картичка се карактеризира со: кредитен лимит до максимум 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста, до 5 плати вкупна кредитна изложеност по кредитни платежни картички, достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички и минимален месечен износ за враќање на средства од 3%, кој понатаму може повторно да се користи.

Со Visa Travel корисникот добива и дополнителни бенефиции како Халк Асистенција на пат (пакет Европа), бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје.

Халк Асистенција е техничка помош на пат за комерцијални возила која може да се искористи во случај на откажување на возилото, сообраќајна незгода/несреќа, невнимателно ракување со возилото како и при надворешни влијанијa. Со услугата Халк Асистенција на корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Покрај тоа, доколку со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб страната на Халкбанк АД Скопје, после 60 дена од успешно реализираниот престој, 4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

Корисникот на картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање на бонус поени кај одредени трговци и користење на истите во секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

За повеќе детали околу кредитната платежна картичка Visa Travel може да се информирате на следниов линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK