Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше

okean
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше.

Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења.


Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK