За фотошопираната фотографија на принцезата Кејт не престанува да се зборува. Секојдневно кружат нови теории на заговор, а многу фанови забележаа дека Мидлтон (42) не го носи нејзиниот иконски веренички прстен од сафир и дијамант и нејзиниот златен венчален прстен на контроверзната слика.
View this post on Instagram
A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
Мирор објави дека канцеларијата на Кејт одговорила на прашањата за нејзиниот прстен велејќи дека „кралското семејство било дома кога е направена фотографијата“. Принцезата секогаш носи прстени во јавност, но нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, долго време не носи бурма.
Принцот Хари, на пример, секогаш го носи својот прстен. Ова доведе многумина да се запрашаат дали има проблеми во бракот на принцот и принцезата од Велс. Но, според британските медиуми, нема причина за загриженост. Вилијам едноставно не сака никаков накит.
Еден месец пред неговата венчавка со Кејт, беше објавено дека тој нема да стави прстен на раката за време на размената на завети.
„Тој не е за накит. Никогаш не го носел. Сами одлучил да не носи ниту бурма, а тоа е негов личен избор“, рекол извор близок до палатата.