Зошто Хаваите не се под НАТО, а се дел од САД

nato3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шведска е последната земја која стана 31-ва членка на НАТО претходно овој месец. Соединетите Американски Држави се исто така членка, но не со сите свои 50 сојузни држави. Имено, Хаваите не се дел од овој воен сојуз.

Доколку некоја друга земја ги нападне Хаваите, на пример, базата на американската морнарица во Перл Харбор или седиштето на американската Индо-пацифичка команда лоцирана северозападно од Хонолулу, НАТО нема да биде обврзан да ги брани Хаваите. За претседателот на истражувачкиот центар Пацифик Форум, Дејвид Санторо, ова е најчудното нешто.

Тој истакна дека повеќето Хавајци не знаат дека на нивната земја не и е загарантирана одбраната на НАТО. Според него, луѓето претпоставуваат дека Хаваи е дел од САД под НАТО.

Тој посочи дека тоа што Хаваи не е дел од Северна Америка се користи како аргумент дека не е под НАТО. Имено, исклучок е направен со Вашингтонскиот договор како документ со кој НАТО е формиран во 1949 година. Така, ова се случи десет години пред Хаваите да станат сојузна држава.

Додека членот 5 од Вашингтонскиот договор воспоставува колективна самоодбрана во случај на воен напад врз која било земја-членка, членот 6 го ограничува географскиот опсег на колективната самоодбрана. Членот 6 се однесува само на вооружен напад на територијата на Европа и Северна Америка.

Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи (Стејт департмент) Метју Милер потврди дека членот 5 не се однесува на Хаваите, но потсети дека членот 4 предвидува членките на НАТО да се консултираат кога се работи за територијалниот интегритет, независност или безбедност на која било земја на НАТО. Во тој контекст, тоа важи и за Хаваите.

Милер смета дека членките веројатно нема да постигнат консензус за амандманот со кој член 5 од Вашингтонскиот договор би се применил на Хаваите. Како причина зошто мисли така, посочи дека и другите членки на НАТО имаат територии кои не се опфатени со член 5 од Договорот.

Сепак како аргумент во корист на разгледувањето на тој однос е дека американските воени бази на Хаваи би можеле да бидат клучни во делувањето против Северна Кореја и во потенцијалната одбрана на Тајван. Понатаму, Хаваи има историско значење за САД поради нападот на Перл Харбор во 1941 година, пишува „Си-ен-ен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK