„ЗЏМ свири ‘Леб и сол’“ – концерт на биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани

„ЗЏМ-свири-‘Леб-и-сол-–-концерт-на-биг-бенд-изведби.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг-бендот, со наслов „ЗЏМ свири ‘Леб и сол’“.


На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг-бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

„Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 1.1.1976 по што следува долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и со сигурност најдоминантна во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан го сочинуваат стандарднит состав на „Леб и сол“ иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња, меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK