Вучиќ: Мојот син Вукан би сакал да играме фудбал секој ден во 2024 година

Вучиќ-Мојот-син-Вукан-би-сакал-да-играме-фудбал-секој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави новогодишна желба и писмо од неговиот шестгодишен син Вукан.


„Драг тато, сакам да играме фудбал секој ден во годината. Среќна Нова Година! Те сакам, Вукан“, се вели во писмото.

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

Ein Beitrag geteilt von Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Вучиќ вети дека ќе даде се од себе за да му ја исполни желбата.
„Среќата на тато. Некои ми посакуваа нови победи, некои успеси, среќа, но мојот шестгодишен Вукан би сакал да играме фудбал секој ден. Ќе дадам се од себе за, во голема мера, да му ја исполнам желбата во 2024 година,“ напиша Вучиќ во описот на објавата.

Александар Вучиќ е во брак со Тамара Вучиќ од 2013 година, а парот во 2017 година го доби синот Вукан.

Српскиот претседател ги има и синот Данило и ќерката Милица, кои ги доби во бракот со Ксенија Вучиќ, која почина во јануари минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK