Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти е посреќна од кога било.
Холивудската актерка Кејти Холмс (47) излезе во мини бикини за време на романтично возење со брод со своето ново момче, Џејсон Бард Јармоски (39), со кого ужива во луксузен одмор на езерото Комо.
Кејти веќе ја официјализираше оваа врска на социјалните мрежи, на општа радост на сите обожаватели, и покажа дека конечно е среќна во љубовта по сите проблеми низ кои помина во бракот со Том Круз.
View this post on Instagram
Актерката сподели серија фотографии од ова опуштено патување на социјалните мрежи. На една од фотографиите може да се види како ужива во интимен момент со Јармоски, додека носи црн фустан со длабоко деколте.
На втората фотографија, Холмс ужива во топлото сонце, додека лежи на мека перница на бродот и во таа прилика покажа завидна фигура во бикини, што е многу ретка снимка кога е во прашање таа. Се чини дека врската со Јармоски ја подмладила и ја развеселила.
View this post on Instagram
„Животот изгледа совршено со тебе“, „Браво девојко“, „Каде се криеше“, „Изгледа како да сте сродни души“, „Сјаеш“, „Само продолжи да уживаш“, се дел од коментарите под нејзината објава.