Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на црвениот тепих и на лежерните прошетки.
Холивудскиот пар Џорџ и Амал Клуни се вистинска сензација во Венеција. Славниот актер освои и престижна награда на Филмскиот фестивал, додека неговата сопруга го направи она што го знае најдобро – блесна во внимателно одбрани модни изгледи и повторно беше најубава.
Иако црвениот тепих е главното место каде што можеме да уживаме во изгледите на познатите убавици, папараците често ги фаќаат за време на лежерна прошетка, како што направија сега Џорџ и Амал.
Згодната адвокатка избра лежерен, но не помалку забележлив изглед за пригодата. Таа прошета во лелеаво здолниште од Ели Сааб со шлиц што ја истакнуваше нејзината зачудувачка фигура и долги нозе, а сето тоа го надополни со вртоглаво високи сандали на платформа и црна маица со дебели прерамки.
View this post on Instagram
Ремниот и чантата се во иста нијанса како сандалите, а очилата за сонце го заокружија овој совршен изглед за крајот на летото. Клуни исто така блескаше покрај неа, избирајќи светли панталони и темно сина маица, и не пуштајќи ја раката на својата сопруга ниту за момент.
Венеција е омилена дестинација за овој холивудски пар, а во 2014 година го кажаа своето судбоносно „да“ во тој град.