Во Памплона почна фестивалот на трки со бикови

bikovi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на годинашниот фестивал „Сан Фермин“ што почна вчера, каде што се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули.

Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат вино. На утринската трка низ тесните улички луѓето во секој од деветте дена, трчаат пред шест бикови, а попладне матадорите ги убиваат животните во градската арена пред публика. Остатокот од фестивалскиот ден учесниците го поминуваат во јадење, пиење, гозби и забава.


Во тие трки, од 1910 година, според достапните записи, загинале 15 луѓе – речиси сите од роговите на биковите, а стотици се повредени.

Државната телевизија го емитува настанот.

Организацијата „Луѓе за етичко постапување со животните“ (ПЕТА) и оваа година ја осуди оваа сурова традиција и најави кампања со цел одвраќање од фестивалот.

„Анкетите на јавното мислење во земјите кои дозволуваат борби со бикови покажуваат дека мнозинството жители се против тоа. Борбите со бикови на годишниот фестивал „Сан Фермин“ во Памплона се ужасни и мора да престанат“, се наведува на нивната интернет-страница.

ПЕТА на Инстаграм ги објави и профилите на матадорите кои ќе учествуваат во прободувањето и убивањето на биковите по трките и ги повика поддржувачите на благосостојбата на животните и противниците на суровоста да ги споделат објавите и да ги преплават матадорите со коментари за бруталноста на фестивалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK