Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс – мерка за која неговите поддржувачи се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови.
Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место и во пристапот до јавното и приватното сместување.
– Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа или сте надвор во градот или се обидувате да добиете некој вид сместување или стан за изнајмување, не треба да постои поинаков третман, рече Адамс.
Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација врз основа на раса, религија, боја на кожа, национално потекло и пол, меѓу другото.