Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните

ohridsko ezero
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини – навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика.







Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот на Милано-Бикока во Италија зедоа примероци од 23 езера од 38 земји. Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки одлики како длабочина, должина на брегот, зафатнина, но и присуството на пречистителни станици, густина на населеност со луѓе – покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани. Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни.

Земени се, на пр. и примероци од единственото езеро во Австрија – Лунцер Си, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населен, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на кубен метар.

Пластиката во примероците вода потоа е групирана по облик, боја и големина. Сѐ тоа говори дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.

– Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика. Така, два вида езера се особено загрозени – оние густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини, објаснува Атермаер.

Истражувањето покажа и дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени и од најзагадените суптропски океански струи во светот. Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум „недопрени“ од човековото влијание. Научниот труд укажува дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на загадување со пластика на светско ниво, а и езерата, и реките треба да се земаат предвид во борбата против микропластиката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK