Високите температури влијаат на покачувањето на нивоата на кортизол и со тоа стануваме подложни на стрес, нервозни и раздразливи.
Топлотните бранови ги интезивираат менталните проблеми, а вообичаени последици од високите температури се бес, анксиозност, несоница, летаргија и депресија. Иако ние краткотрајно ги чувствуме ваквите психолошки промени тие можат да предизвикаат и долгорочни последици.
Некои студии направени во минатото јасно покажале дека итната посета на лекар поради проблеми со менталното здравје во текот на топлите периоди значително се зголемува. Анксиозните нарушувања, злоупотребите на супстанции, пореметувањата на расположението и шизофренијата според истражувањето објавено во весникот „JAMA Psychiatry“ се во пораст секое лето во текот на топлотните бранови.
Високите температури директно го пореметуваат функционирањето на невротрансмитерите во мозокот, а тоа имплицира намалени когнитивни способности и продуктивност во извршувањето на секојдневните задачи на работа, дома или на училиште.
Студија од 2018 која две недели на две групи млади кои биле поделени да престојуваат во простории со централна климатизација и простории без клима го испитувала влијанието на климатизацијата врз когнитивните способности на младите и дошла до заклучок дека оние кои престојувале во собите каде што нема ладење константно имаат пониски резултати.
Друга студија направена со иста цел покажала дека продуктивноста на работното место е најголема кога температурата на воздухот е околу 22 степени и истата почнува на опаѓа на 25 степени.
Резултатите од овие истражувања укажале на намалена способност за јасно, брзо и ефикасно размислување во состојба кога нашето тело е прегреано.
Иако е добро познато, сепак некои луѓе го потценуваат фактот колку течности се потребни кога дополнително се потиме или поминуваме време на отворено па затоа вреди да се напомене дека кога температурите се многу високи потребно е да се пие поголемо количество на вода и да се внимава на тоа да бидеме добро хидратирани затоа што тоа може да помогне во ублажување на влијанието на топлината врз менталното здравје.
Најновите истражувања објавени во списанието “Lancet i Nature Climate Change” даваат до знаење дека климатските промени покрај тоа што влијаат на животната средина, играат голема улога и во влијанието на нашето физичко и ментално здравје и дека порастот на температурата од само еден степен може да ја влоши состојбата со депресијата и анксиозноста.
М.Кизова
(извор Magazin Novosti)