Иако на почетокот игледа ладно и одмерено, Викторија Бекам, всушност, е многу хумористична и забавна, што гледачите можеа да забележат во документарецот за нејзиниот сопруг Дејвид.
Неколку сцени особено им го привлекоа внимание на гледачите, меѓу кои и онаа во која Викторија Бекам се обидува да ги убеди гледачите дека потекнува од работничката класа.
И додека таа вели дека нејзиното семејство е навикнато на напорна работа, Дејвид ја принудил да се исправи и да признае со кој автомобил татко ѝ ја возел на училиште.
На крајот, Викторија призна дека татко ѝ возел „ролс-ројс“ во 80-тите, а гледачите бргу реагирале нарекувајќи ја кралица на хуморот.
Викторија на социјалните мрежи сега се пофали покажувајќи како го ставила својот цитат на маица, што е вистински хит.
@victoriabeckham I can’t fight it anymore, yes my dad drove me to school in a Rolls Royce! 😂 Kisses @David Beckham ♬ original sound – Victoria Beckham
„Не можам повеќе да се борам. Да, татко ми ме возеше на училиште со ‘ролс-ројс’“, напиша Викторија под видеото што го објави на „Тик-ток“ и уште еднаш ги освои срцата на јавноста.