Гледачите можат да се подготват за уште еден филмски хит.
Leave The World Behind („Остави го светот зад себе“) е името на новиот психолошки трилер заснован на истоимениот роман на Руман Алем од 2020 година.
Во филмот глумат големи имиња – Џулија Робертс, Махершала Али, Итан Хок, Михала и Кевин Бејкон, а пристигнува на „Нетфликс“ на 8 декември.
Неодамна беше објавен и првиот официјален трејлер. За само два дена, трејлерот собра повеќе од три милиони прегледи.
Во овој апокалиптичен трилер од наградуваниот писател и режисер Сем Есмејл, Аманда (Џулија Робертс) и нејзиниот сопруг Клеј (Итан Хок) изнајмуваат луксузна куќа за викенд на Лонг Ајленд со нивните деца Арчи (Чарли Еванс) и Роуз (Фара Мекензи).
Но, нивниот одмор наскоро ќе се расипе кога ноќе пристигнуваат двајца странци, кои им кажуваат дека нема струја во цел Њујорк и дека не знаат што се случува, а тие бараат засолниште во куќа за која тврдат дека е нивна. Потоа доаѓа веста за мистериозен сајбер-напад. Две семејства се соочуваат со претстојната катастрофа која од минута во минута се влошува. Само едно е сигурно – нема враќање во нормала.