Видео од кученце кое совладува нова вештина целосно ги расположи и насмеа луѓето на интернет.
На видеото се гледа кученце како стои на врвот на скалите со сад во устата.
@victorinks #duet cu @#Melle Rooper #staffie#amour #melle ♬ son original – #Melle Rooper #staffie#amour
Потоа почнува да се спушта по скалите со садот изгледајќи како да се лизга.
Дури и да било исплашено кученцето, тоа никој не би го забележал поради интересната сцена. Сè додека не се исплаши од садот на крајот од видеото.
Но, кој може да го обвини? Садот многу гласно тропкаше на скалите. Во коментарите луѓето го изразија својот ентузијазам за кученцето и многумина напишаа колку е слатко.