(Видео) Фановите бараат отстранување на сцена од „Пријатели“: „Тие ја предвидоа иднината“

Видео-Фановите-бараат-отстранување-на-сцена-од-„Пријатели-„Тие-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Обожавателите на „Пријатели“ сакаат сцена за која велат дека „ја предвиделa“ смртта на Метју Пери да биде отстранета од шоуто.

Актерот почина на 54-годишна возраст, а неговото безживотно тело беше пронајдено во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес. Сè уште не е позната точната причина за смртта.

Поради околностите во кои почина, сега на социјалните мрежи се прошири сцена од „Пријатели“, која изгледа прилично морничаво по смртта на Пери. Станува збор за сцена од петтата епизода од седмата сезона, која се вика The One With The Engagement Picture и првпат беше прикажана во 2000 година.

@taylorkierce999 RIP Chandler BING 😭🙏🏼 #ripchandlerbing #chandlerbing #matthewperry #restinpeace #friendsreunion #breakingnews ♬ I’ll Be There for You (TV Version with Dialogue) – The Rembrandts

Во сцената Чендлер и неговата свршеница Моника Гелер (Кортини Кокс) се фотографираат за да ја најават својата венчавка, при што му е тешко природно да се насмее.

„Што не е во ред со твоето лице?“, му вели Моника на Чендлер.

„Оваа фотографија треба да каже дека Гелер и Бинг се венчаат, а не дека локална жена спасила давеник“, додава таа. Фотографот почнува да се смее на тоа, што ја изнервира Моника и таа му вели: „Еј, немој да му се смееш! Тој е мојот давеник“.

„Оваа сцена не соодветствува по веста за причината за неговата смрт“, „Може ли оваа сцена да биде поморничава?“, „Треба да ја отстранат оваа сцена од шоуто. Практично, ја предвидоа иднината“, се само дел од коментарите на вознемирените обожаватели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK