(Видео) Семејството на текстописецот на Let’s Get It On ја заврши судската битка против Ед Ширан

Видео-Семејството-на-текстописецот-на-Lets-Get-It-On-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наследниците на музичарот ко-автор на големиот хит на Марвин Геј, Let’s Get It On, се согласиле да ја отфрлат жалбата на пресудата на американската порота, која утврди дека песната Thinking Out Loud на британската поп-ѕвезда Ед Ширан не е плагијат на класикот на Геј.


Во мај, судот во Њујорк пресуди дека Ширан не ја копирал песната на Геј кога ја компонирал Thinking Out Loud, еден од најголемите хитови на Британецот.

Во судскиот поднесок во средата (20 септември) се наведува дека наследниците на текстописецот Ед Таунсенд – коавтор на песната на Марвин Геј – ќе ја повлечат жалбата без предрасуди, што значи дека не може повторно да се поднесе.

Адвокатот на Ширан, Елин Фаркес во четвртокот рече дека наследниците увиделе дека жалбата ќе заврши со потврдена пресуда, и станале свесни дека е мудро да се повлечат имајќи ги предвид судските такси и трошоци на кои ќе бидат изложени.

Адвокатите на наследниците на Таунсенд не одговорија веднаш на барањето за коментар во четвртокот.

Наследниците на Таунсенд ги тужеа Ширан, „Ворнер мјузик“ и „Сони мјузик“ за прекршување на авторските права, тврдејќи дека хитот на Ширан од 2014 година го копирал „срцето“ на класикот на Геј од 1973 година, вклучително и мелодијата, хармонијата и ритамот.

Адвокатите на Ширан возвратија дека секоја сличност меѓу песните вклучува основни музички „градежни елементи“ кои не можат да бидат заштитени со авторски права.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK