Џенифер Лопез напорно работи на промоција на филмот „Office Romance“, во кој игра една од главните улоги. Веќе имавме можност да ја видиме во сензуални креации кои ја раскажуваат нејзината модна приказна, но сега таа нè изненади со жешко издание што го покажа во филмот.
Овој „контроверзен“ кадар брзо стана вирален, а кај гледачите предизвика разни чувства – многумина останаа без здив при гледањето на нејзиното тело.
Jennifer Lopez in ‘OFFICE ROMANCE’ pic.twitter.com/4nQceMy99O
— Jennifer Lopez Updates (@JLopezUpdate2) June 7, 2026
Латино дивата уживаше на плажа во друштво на нејзиниот колега од филмот, Брет Голдштајн, а најголемо внимание привлече нејзината комбинација во бикини. Позната по својата нереална фигура на 57 години, Џеј Ло не се срамеше да им покаже на своите обожаватели што има – нејзините стомачни мускули и раскошни облини беа, навистина, забележливи, па затоа не е ни чудо што на многумина им се допадна оваа сцена.
View this post on Instagram
Својот изглед го комплетираше со минимална шминка во земјени тонови, златни додатоци и неуредна пунџа, што е омилена фризура на многу познати личности.
Обожавателите на социјалните мрежи имаа многу да кажат, но најчесто едноставно пишуваа: „Вау…“