Австралијката Оливија Хал успеа да ги насмее и да ги згрози сите на социјалните мрежи само со едно видео. Иако само сакаше да се исонча, па затоа нанесе спреј за самопотемнување, не ги очекуваше овие резултати, а ниту дека ќе стане вирална.
„Кога се погледнав во огледало, бев запрепастена. Зборот ‘mist’ ме натера да помислам дека овој спреј ќе биде како и секој друг што сум го користела. Но, наместо тоа, изгледав како да сум испрскала кал по лицето. Бев шокирана, збунета, ужасната и искрено, прснав од смеење“, рече Оливија.
@livyah92 Kindly waiting for your response x @Bondi Sands #bondisands #tanning #thursday #beauty #mum ♬ original sound – Livyah
Австралијката набрзо доби извинување од компанијата чиј спреј го користеше, а производот беше повлечен откако девојките ги испратија своите искуства, додека Оливија не можеше да верува во бранот што го започна.
„Сето тоа изгледаше како заедница на жртви на спреј за самопотемнување. Фактот што видеото стана толку вирално беше навистина случајност. Не го планирав, пред сè, мислев дека е смешно, а потоа сакав објаснување од брендот зошто го нарекле спрејот „магла“. Беше неверојатно колку девојки ме контактираа со сличен проблем“, рече Оливија.