Американските ријалити ѕвезди Блејк Хорстман и Џанина Гибели се венчаа на 20 јуни во Ровињ, во присуство на семејството, пријателите и неколку познати учесници од ријалити шоуа.
Парот пред свадбата престојувал во Венеција, а потоа организирал забава во познат бар во Ровињ. Џанина на Инстаграм сподели фотографии од подготовките, додека Блејк побара брачни совети од своите следбеници.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна започнала во 2021 година за време на снимањето на шоуто All Star Shore. Врската првично ја криеле од јавноста, а подоцна откриле дека добрата комуникација е клучот за нивниот успешен однос.
Во ноември 2023 година објавија дека го очекуваат своето прво дете, а нивниот син Хит се роди во март 2024 година. Блејк ја запроси Џанина во Мадрид во октомври 2024 година.
View this post on Instagram
Денес двајцата успешно ја користат популарноста стекната во ријалити програмите и работат како инфлуенсери, а заедно го водат подкастот He Said, G Said посветен на љубовта и врските. По објавата за свадбата добија бројни честитки од своите милиони следбеници на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
фото/Depositphotos