На бежаниските гробишта во храмот на Светиот апостол Тома, вчера се одржа последното збогување со Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција.
Од Поповиќ се простија семејството, сопругата Сузана, ќерката Александра, синот Данијел (син на Сузана од првиот брак) и снаата Тијана, како и бројни пријатели и колеги.
Тој беше погребан во семејната гробница, а Сузана цело време стоеше покрај ковчегот, додека нејзиниот син ја тешеше. Телеграф.рс пишува дека говорот на погребот го одржал човек близок до семејството. По говорот, Поповиќ беше погребан со песна од Звонко Богдан.
На последното збогување на Саша Поповиќ дојдоа многу негови колеги со кои соработуваше во текот на кариерата.
Дојдоа Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ, Јелена Карлеуша, Дара Бубамара, Харис Џиновиќ, Александар Милиќ, Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Ивица Дачиќ и многу други.
Саша Поповиќ беше еден од најмоќните луѓе во српската естрада, познат преку неговата работа како продуцент, телевизиски водител и поранешен музичар.