(Видео) По 34 години Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија и воодушеви со својот изглед

tajchi-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.


Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Хајде да лудујемо“. Покрај заразната мелодија, публиката беше импресионирана од нејзината розова креација и фризура, благодарение на кои наликуваше на Мерлин Монро.

„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, рече таа во описот на фотографијата.

Тајчи деновиве е во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.

„Настапив во Шведска во клуб за обожаватели и всушност е одлично што песната „Хајде да лудујемо“ оживеа, живееше и ќе живее“, изјави таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK