Актерката и продуцентка Џенифер Лопез беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов филм на Нетфликс Атлас. Новинар реши пред сите да ја праша за бракот со Бен Афлек.
„Дали твојот развод со Бен Афлек е реален? Тие гласини?“, ја праша новинар, а Џеј Ло се насмеа.
„Која е вистината? Која е вистината за ситуацијата за мексиканските медиуми?“
#JenniferLopez es cuestionada por su divorico en su visita a México para el estreno de #Atlas y #SimuLiu la defiende con una gran respuesta. 👏#JLo #AtlasEnMX pic.twitter.com/r2VX3XsXwi
— Glamour Mex y Latam (@GlamourMex) May 23, 2024
Веднаш интервенираше Симу Лиу, колега на Џенифер од новиот филм. „Во ред, нема да го направиме тоа. Ви благодариме момци, навистина го цениме тоа. Ви благодариме“, рече тој обидувајќи се да го игнорира личното прашање упатено до Џеј Ло и да продолжи на нова тема.
Лопез потоа се наведна кон новинарот и рече: „Ти знаеш подобро од тоа“. Потоа Лиу се надоврза и му рече на новинарот: „Ајде, не доаѓај со таква енергија, те молам“.