(Видео) На евровизискиот победник му се скрши трофејот – пари од победата на Евровизија не заработи

trofej.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Швајцарија е победник на Евровизија 2024 година. Немо го освои трофејот на престижниот музички натпревар со песната „The code“.

Многумина се прашуваат колку заработува победникот на овој музички натпревар, а одговорот е – не забоработува ништо.

Наградата за победникот на Евровизија е стаклен трофеј во форма на микрофон, кој го скрши синоќешниот победникот на Швајцарија.

Во екот на прославата, Немо се спушти на подот и во тој момент се слушна како се крши стакло.

За прв пат во историјата на Евровизија некој го скрши трофејот.

Видеото од овој настан брзо стана вирално.

Немо Метлер на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно како ниту машко ниту женско, туку како „тие“.

„’Кодот’ е за патување кое започна со сознанието дека не сум ниту маж, ниту жена. Да се ​​пронајдам себеси беше долг и често тежок процес, но ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, рече Немо во една прилика и нагласи колку е значајна можноста да се пее на сцената во Малме.

„Неверојатна чест е што можам да ја претставувам Швајцарија на Евровизија. Оваа платформа нуди одлична можност за градење мостови меѓу различни култури и генерации. Затоа, како квир личност, многу ми е важно да се залагам за целата ЛГБТКИА+ заедница“, заклучи Немо.

Финалето на „Евровизија 2024“ се одржа вечерва во Малме,  а главен фаворит беше хрватскиот претставник Бејби Лазања со песната „Rim Tim Tagi Dim“, кој заврши на второто место. Бејби Лазања беше победник од гласовите од публиката, но од стручното жири доби само две дванесетки – Кипар и Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK