По успешната соработка на есенската кампања, Каја Гербер повторно е лице на новата, пролетна кампања на познатиот спортски бренд.
Младата и талентирана Каја Гербер, наследничка на познатата Синди Крафорд, веќе ги следи стапките на својата мајка и е едно од најбараните имиња во светот на манекенството.
Атрактивната Каја стана и ѕвезда на новата кампања за брендот за спортска облека Vuori, со кого веќе соработуваше на есенската колекција 2025.
View this post on Instagram
Овој пат, таа претстави парчиња од пролетната колекција што самата ги избра, а на фотографии и видеа ја покажа и другата страна од себе – природна и опуштена.
Хит бојата што ја придружува кампањата е сината во сите нејзини нијанси, а Каја Гербер ги претставува спортските парчиња што самата сака да ги носи приватно, без разлика дали оди на тренинг, на прошетка или едноставно ги извршува своите секојдневни обврски.
View this post on Instagram
„Она што најмногу го сакам кај Vuori е неверојатно меката ткаенина, но и чувството кога ја носите. Важно ми е да се чувствувам удобно и самоуверено во мојата облека, а овие парчиња навистина го следат вашиот ритам – од порелаксирани моменти до поактивни“, рече Каја во изјава за новото снимање на кампањата.
Ден по ден, оваа убавица нè потсетува на поврзаноста и сличноста меѓу неа и нејзината мајка Синди Крофорд, една од најголемите супермодели на сите времиња, од која наоѓа инспирација и ги добива најдобрите совети.