„Дај на сунце“ е новата песна на Каролина Гочева, проследена со видео спот.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно“ од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.