(Видео) Искусен пилот откри која фаза од летот е најтешка за екипажот и зошто мора да телефоните да бидат на авионски режим


pilot.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Искусен пилот откри која фаза од летот предизвикува најголема нервоза кај членовите на екипажот.


Одговарајќи на прашања од неговите следбеници на „Јутуб“, комерцијалниот пилот Стив Шрајбер – поранешен офицер на американската морнарица и чест коментатор на авионски несреќи – беше запрашан дали има период за време на летот кога тој самиот се чувствува нервозен. Еден од присутните го прашал: „Дали си понервозен при полетување или при слетување?

Тој одговори дека ако треба да избере меѓу тие две ситуации, полетувањето ќе биде поголем предизвик.

„Тогаш авионот е најтежок што некогаш ќе биде“, објасни тој.

„Моторите работат со полна моќност, а вие сте најбавни што ќе бидете. Откако ќе ја напуштите земјата, забрзувате, почнувате да користите гориво, станувате полесни и можете да ја намалите моќноста“, рече тој.

Во истото видео одговори и на честото прашање – дали е навистина потребно да се вклучи авионскиот режим на мобилните телефони за време на летот. Авионскиот режим ја оневозможува можноста за испраќање и примање безжични сигнали на уредот. Неговиот совет е едноставен: „Треба да го вклучите авионскиот режим“.

Тој се осврна на тестовите спроведени од Федералната управа за авијација на САД (FAA) кога употребата на мобилни уреди почна да расте. Резултатите покажаа дека во некои ситуации сигналите од уредите во задниот дел на авионот може да пречат на опремата за навигација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK