Супермоделот Хајди Клум (51) замина на одмор со сопругот, музичарот Том Каулиц (34). Парот моментално се наоѓа во Венеција, каде што се фотографирани за време на возење со гондола.
Хајди и Том не се сами на одмор. Со нив е и братот близнак на Том, Бил Каулиц, кој со нив бил на разгледување.
Папараците будно ги следеа во Венеција. Така го снимиле моментот кога манекенката и нејзиниот сопруг се движеле кон гондолата, а Том ја тапкал Хајди по задникот.
View this post on Instagram
Хајди се јави на Инстаграм од Венеција. Покрај Бил, парот во Италија го донел и остатокот од семејството, вклучувајќи ја и ќерката на Хајди, Лени Клум и нејзиното момче Арис Рачевски.
View this post on Instagram