Супермоделот Паулина Поришкова ги покажа своите „тешки“ очни капаци и размислуваше дали треба да се подложи на естетска операција.
Познатиот модел Паулина Поришкова (61) – која е родена во тогашна Чехословачка – во средата на Инстаграм објави видео во кое прави крупен кадар од своето лице. По изненадувачката венчавка што ги израдува многумина, Паулина повторно почна да споделува содржини на своите профили на социјалните мрежи.
Во видеото и во придружниот опис, таа зборуваше за горна блефаропластика, позната и како затегнување на очните капаци. За време на оваа популарна процедура, пластичен хирург го отстранува вишокот кожа од горните очни капаци, со што очите изгледаат поотворени, а лицето – поодморено.
View this post on Instagram
„Деновиве не можам ни да го отворам Инстаграм, а да не бидам од сите страни ’бомбардирана‘ со муабети за блефаропластика. Но, сигурно не сум единствената што сè уште цени убави, тешки очни капаци кај жените“, напиша таа во описот.
„Дали е време за блефаропластика? Изгледа дека сите ’кул‘ луѓе ја прават деновиве“, напиша моделот, која своевремено се појави и на насловната страница на списанието Sports Illustrated.
Таа гледаше директно во камерата, покажувајќи ги своите очни капаци додека ги креваше и спушташе веѓите.
View this post on Instagram
На крајот, наместо да се одлучи за естетска операција, таа изјави дека претпочита да ги прифати своите „спуштени очни капаци“ и „да ги заштеди парите за уште едно патување, за да создаде прекрасни спомени“.
Како инспирација, Поришкова сподели фотографии од познати жени кои ја имаат истата карактеристика. На нејзиниот список се најдоа покојната актерка Лорен Бекол, покојната актерка Роми Шнајдер, како и 85-годишната Феј Данавеј.
View this post on Instagram
Поришкова јасно стави до знаење дека не ги осудува жените кои одлучуваат да се подложат на оваа процедура, нагласувајќи дека искрено се радува за оние што се задоволни од резултатите.
„Имам многу пријателки што го направиле тоа и ниту една од нив не зажалила“, напиша таа. Таа додаде: „Единственото мало жалење – и тоа прилично себично – е мое! Ми недостасува тоа како моите пријатели изгледаа претходно. Според мене, тие веќе беа убави.“