(Видео) Една од најтрогатлените сцени во серијата: Моментот кога Џереми Кларксон им соопшти на своите колеги дека има рак


13174412.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Емотивен момент кој ги шокираше и гледачите и екипата на серијата се случи кога Џереми Кларксон првпат ја изговори реченицата што никој не ја очекуваше: „Имам рак“.


Сцената од популарната серија „Фармата на Кларксон“ започнува сосема нормално – Кларксон е во својата канцеларија и разговара за жетвата со долгогодишните соработници, Чарли Ирел и Кејлеб Купер. Атмосферата е лежерна, сè додека Кларксон одеднаш не застане на средина од реченицата.

Се потпира наназад на столот, прави кратка пауза и со тивок глас ја изговара веста што веднаш го менува тонот на целата сцена.

Калеб, видливо потресен, прашува каде е ракот, но Кларксон одлучува да не навлегува во детали. Тој објаснува дека дознал за дијагнозата уште во мај, по рутински преглед и биопсија. Иако болеста е агресивна, таа е откриена на време.

Во последните моменти од епизодата, камерата повторно го наоѓа во болничкиот кревет. Неговите зборови потоа дополнително ја зголемуваат тежината на целата приказна:

„Ја започнавме петтата сезона со мене во болнички кревет и сега сме на крајот од петтата сезона и повторно сум во болнички кревет. Некои делови од третманот тргнаа наопаку… Ќе бидам тука уште малку. Ако сè се среди, ќе се видиме во шестата сезона. Ако не… нема. Чувајте се сите.“

Овој момент е особено впечатлив бидејќи доаѓа од човек познат по својот остар хумор, иронија и самоуверен став. Токму затоа неговата чесност и ранливост делуваат уште помоќно.

Сцената брзо стана една од најтрогателните во историјата на серијата – сурова, тивка и целосно реална.

фото/ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK