Една од најпопуларните серии на Netflix, „Емили во Париз“, завршува по шестата сезона. Стриминг гигантот објави во четврток дека претстојната сезона на романтичната комедија во која глуми Лили Колинс ќе биде нејзина последна.
„Ви благодариме што ни дозволивте да бидеме дел од вашите животи, што ги инспириравте вашите соништа за патување и вашата љубов кон Париз“, рече креаторот Дарен Стар во соопштението.
Популарната серија ја следи Емили Купер, маркетинг директорка од Чикаго, играна од Колинс, додека таа се справува со работата, романсата, пријателството и модата во Париз.
From bonjour to au revoir. The final season of Emily in Paris is now in production 💕 pic.twitter.com/aX1AJTnIRy
— Netflix (@netflix) May 21, 2026
Британско-американската ѕвезда Колинс рече во видео: „По шест незаборавни години играјќи ја Емили Купер, тука сум да споделам дека оваа претстојна шеста сезона ќе биде нашата последна. Шестата сезона ќе ви донесе сè што сакате во серијата и ќе послужи како последно поглавје од животната авантура на Емили.“
Ешли Парк, Лукас Браво, Лусиен Лависконт, Самуел Арнолд и Бруно Гуери ќе ѝ се придружат на Колинс за последната сезона.
Netflix потврди дека снимањето започнало во Грција, а сцените ќе се снимаат и во Париз и Монако. Не е објавен официјален датум на премиерата за претстојната сезона.
Lily Collins on set for the final season of Emily in Paris 🥲 pic.twitter.com/aZrMFgnahH
— Netflix (@netflix) May 21, 2026
Новите епизоди ќе продолжат со напнатото финале од петтата сезона, во кое повремениот романтичен партнер на Емили, Габриел – кој го игра Браво – ѝ испраќа разгледница со која ја поканува да избега во Грција.
Сценаристот и извршен продуцент Стар рече дека снимањето на серијата „со оваа извонредна екипа и глумци било патувањето на целиот живот“.
„Емили во Париз“, чија премиера беше во 2020 година, е хит на Нетфликс, а најновата сезона собра 26,8 милиони прегледи низ целиот свет за 11 дена, според платформата.