Актерката Салма Хајек и нејзината 18-годишна ќерка Валентина Палома Пино се појавија заедно во нова епизода од серијата „Carversations“, која беше објавена вчера, а чија цел е да ги поттикне односите меѓу родителите и децата.
Ова е ретка можност за мајката и ќерката да позираат заедно и да бидат во иста рамка, а Салма истакнува во епизодата дека Валентина е нејзината најголема инспирација.
„Сакам да откривам нови работи преку тебе. Беше прекрасно да те гледам како растеш, се менуваш, истражуваш и повторно се наоѓаш себеси низ годините“, ја отвори душата актерката.