(Видео) Ѕвездата на „Чувари на плажата“ продолжува со најважната битка во животот

nikol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездата на култната серија „Чувари на плажата“, Никол Егерт, неодамна откри дека во декември 2023 година и бил дијагностициран крибриформен карцином во втор стадиум, а сега, како резултат на лекувањето од рак, ја избричила главата со помош на нејзината ќерка.


Во текот на лекувањето од рак на дојка, во нејзините лимфни јазли биле откриени повеќе канцерогени клетки, а заедно со редовните извештаи за нејзината здравствена состојба, таа сега со своите следбеници го сподели и видеото од споменатото бричење на главата.

Во видеото, на 52-годишната актерка и се придружи една од нејзините ќерки, која се појави на крајот на снимката за да и помогне на нејзината мајка да го избричи задниот дел од главата.

„Можеби лечењето не вклучува толку менување на самите себе, туку дозволување да бидеме тоа што сме – Медлин“, напишала актерката во описот на објавата. Голем број други ТВ и филмски ѕвезди ја поддржаа Егерт во коментарите, нарекувајќи ја „храбра и инспиративна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Eggert (@_nicole_eggert)

„За мене твојата убавина никогаш не зависела од твојата коса“, гласи еден коментар.

Егерт на почетокот на оваа година изјави за People дека мислела оти нејзините симптоми се знаци на менопауза, но сфатила дека се здебелила 11 килограми за три месеци и почувствувала „страшна болка“ во левата града во октомври, па решила да направи нешто околу тоа. Откако ја открила грутката при прегледот, се јавила на лекар.

„Навистина пулсираше и болеше. Веднаш отидов кај мојот општ лекар, а таа ми рече дека морам итно на преглед“,  објасни Егерт како и бил дијагностициран рак.

Една од пријателите на Егерт, Минди Молинари, создаде страница GoFundMe за да и помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.

„Нема да може да работи среде операции и третмани. Пред неа е долг, страшен пат и тешко ѝ е да побара помош. Ве молам да и помогнете на мојата пријателка да си ги плати медицинските сметки“, заклучила таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK