(Видео) Досега недвидено: Со точно 100 години направи чудо, сите зборуваат за неговиот скок во вода

Видео-Досега-недвидено-Со-точно-100-години-направи-чудо-сите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За него годините се навистина само бројка. Стогодишниот Таги Аскари направи невидена работа и на натпревар скокна во вода.


Сепак, тој беше „само“ специјален гостин, па го направи и она што можеби не беше првично планирано. Тој скокна во водата, исто како и пред повеќе од 70 години.

Учествувал на првите Азиски игри во 1951 година и освоил сребрен и бронзен медал, а Аскари никогаш не престанал да се занимава со овој спорт.

Ќе настапи и на Мастерсот кој се игра непосредно по Светското првенство во пливање.

„Го сакав нуркањето од моите тинејџерски денови до сега. Отсекогаш сум сакал да нуркам. Ништо не се сменило од 1951 година, освен мојот настап! Кога се натпреварував на национално ниво, последното првенство ми беше кога имав 41 година. Освоив златен медал на репрезентативно ниво, а потоа се простив од спортот, но барем со златен медал. Во времето кога натпреварите се одржаа во Техеран во 1974 година, кинеските пливачи влегоа во овој прекрасен спорт и почнаа многу да се подобруваат – едноставно не можевме да ги фатиме бидејќи останавме на истото ниво на кое започнавме“, рече Аскари.

Иранецот последен пат се натпреваруваше на национално ниво кога имаше 41 година.

„На државно ниво освоив едно злато, но после тоа барем со злато се простив од спортот“, рече Аскари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK