Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори немаат намера да се откажат од бизарни идеи што ја шокираат јавноста, а една таква идеја беше реализирана во видеото на популарниот рапер во кое глуми неговата контроверзна сопруга.
Провокативното видео беше објавено на роденденот на Канје Вест, а сцената што предизвика бура од реакции во јавноста беше онаа во која Бјанка е со крава.
Во видеото за песната „Gemini Season“ од албумот „Bully“, Бјанка Ценсори молзе крава додека седи на стол само во долна облека и потпетици, со грб свртен кон планините покриени со снег во позадина.
Во еден момент, Канје влегува во кадарот во бел костум и истура млеко врз градите на Бјанка…
Бјанка Ценсори го режираше ова видео кое веднаш предизвика бура од реакции.
„Само продолжи да ги снимаш неговите видеа, имаш слична визија и тоа е прекрасна глетка!“, „Вакво видео е најголемиот момент на Канје досега“, „Тој е само тинејџер на 49 години“, „Навистина не го очекував ова“… се само некои од бројните коментари.