Во сабота вечер, на 13. април, во Јавна соба ќе се одржи концерт за душа, за уво и за јубилеј.
Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер. На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-тите до денес.
Мики Јовановски – Џафер, македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др.. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на “Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски – Џафер награда за интерпретација.
Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски – Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света “. Билетите може да се набават онлајн на: https://drugastrana.mk/event/miki-jovanovski-djafer/