Украинката која беше избрана за Мис Јапонија се откажа од титулата поради афера со оженет маж

Украинката-која-беше-избрана-за-Мис-Јапонија-се-откажа-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Манекенката родена во Украина со јапонско државјанство Каролина Шино (26), која победи на изборот за Мис на Јапонија 2024 година, се откажа од титулата, објавија денеска организаторите на изборот, откако еден неделен магазин детално ја опиша нејзината врска со оженет маж.

Здружението за Мис на Јапонија соопшти дека го прифатило нејзиното барање да се откаже од титулата, објави Кјодо.

Нејзината победа за Мис на Јапонија се сметаше за контроверзна поради нејзините странски корени, но таа се откажа од титулата откако неделникот „Шукан Буншун“ во четвртокот откри дека била во врска со оженет инфлуенсер кој исто така е доктор.

На 22 јануари 2024 година, Шино беше прогласена за победник на изборот за Мис на Јапонија.

Таа беше првата личност со европско потекло што ја освои таа титула.

Шино пораснала во Нагоја, централна Јапонија, откако дошла од Украина со нејзините родители кога имала 5 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK